четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ПОБЛЕМИ ЗА ИТАЛИЈА: Цела репрезентација на тестирање, позитивни случаи на ковид-19 кај ТВ екипата која ги следи фудбалерите

ПОБЛЕМИ ЗА ИТАЛИЈА: Цела репрезентација на тестирање, позитивни случаи на ковид-19 кај ТВ екипата која ги следи фудбалерите

Тројца членови на екипата на италијанската телевизија Раи Спорт, која ја следи италијанската репрезентација на Европското првенство се позитивни на коронавирусот, јавуваат италијанските медиуми.

Двајца од нив веќе отпатувале во Лондон, додека третиот ја следел репрезентацијата во нејзиниот камп во Италија.

Италијанската фудбалска федерација веднаш ја затвори вратата на кампот, а прес конференцијата за медиумите, која требало да биде одржана во живо, ќе оди преку интернет.

Гардијан пишува дека играчите не се загрижени бидејќи имаат вакцина, но целата репрезентација е итно пратена на тестирање поради сигурност.

Репрезентацијата на Италија би требало денес во 11 часот да отпатува за Англија, додека Раи Спорт е во проблеми бидејќи ќе мора да ги менува коментаторот и неговиот асистент кои се во Лондон каде добиле позитивен тест.

Финалето на ЕУРО 2020 меѓу Англија и Италија ќе се игра во недела од 21 часот.