Управата на Јувентус до крајот на следната недела и официјално ќе ги потврди ангажманите на Пол Погба и Анхел Ди Марија.
Масимилијано Алегри веќе разговарал со двајцата играчи и им ги објаснил плановите на Јувентус за новата сезона.
Со ова, „Старата дама“ ја продолжува успешната трансфер приказна на ангажирање на играчи кои немаат актуелен договор.
Погба доаѓа од Манчестер Јунајтед откако ги прекина преговорите за продолжување на соработката, а Ди Марија на истиот начин од ПСЖ.
Фудбалските експерти сметаат дека со ова Јувентус испраќа порака кон конкурентите во Серија А кои покажаа интерес на овие двајца фудбалери.