вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Погледнете како Баерн беше уништен лани: Реал Мадрид ќе игра против уште една жртва на судиската помош која ја добива (ВИДЕО)

Противник на актуелниот европски првак во полуфиналето е Баерн Михнен, тим за кој може да се каже дека лани беше катастрофално уништен од судиите на дуелот меѓу овие два тима во Мадрид.
Погледнете како Баерн беше уништен лани: Реал Мадрид ќе игра против уште една жртва на судиската помош која ја добива (ВИДЕО)

Реал Мадрид со судиска помош успеа да стигне до полуфиналето од Лигата на шампионите, откако доби пенал против Јувентус во 93-та минута од реванш натпреварот. Пеналот кој Роналдо го реализираше и со тоа му донесе прогрес на својот тим, според многу фудбалски експерти не требаше да биде осуден.

Противник на актуелниот европски првак во полуфиналето е Баерн Михнен, тим за кој може да се каже дека лани беше катастрофално уништен од судиите на дуелот меѓу овие два тима во Мадрид.

Првиот меч на Алианц Арената заврши 1:2, истиот резултат гласеше и во Мадрид, по што се замина во продолженија, а финишот од регуларниот дел и целото продолжение беше вистински циркус организиран од судиите со преголема помош за Реал Мадрид.

Прво, фудбалерот на Баерн Минхен, Артуро Видал доби непостоечки црвен картон, што беше од голема помош за тимот од Мадрид, ако се знае дека на тој натпревар Чилеанецот беше можеби и најдобриот фудбалер на германскиот великан.

Потоа Реал Мадрид успеа да дојде до пресврт во продолжението и тоа со два гола од офсајд, на двата стрелец беше Португалецот Кристијано Роналдо во 104-та и 109-та минута од средбата.

Погледнете ги грешките на судијата на ланскиот натпревар во Мадрид: