сабота, 2. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Понуда која не се одбива: Бразил го сака Далиќ за селектор!

Понуда која не се одбива: Бразил го сака Далиќ за селектор!
Soccer Football - FIFA World Cup Qatar 2022 - Croatia Press Conference - Main Media Center, Doha, Qatar - December 8, 2022 Croatia coach Zlatko Dalic during the press conference REUTERS/Annegret Hilse - UP1EIC80X7E0H

После среброто од Русија и бронзата од Катар, Златко Далиќ се наметна како трајно решение за селекторската функција на Хрватска, откако стана најуспешниот селектор на „коцкастите“. Сепак, иако засега неговата позиција е загарантирана, може да се случи пресврт со оглед дека Далиќ сега има „понуда која не се одбива“.

Според медиумите во Хрватска, хрватскиот селектор сега има можност да ја води една од најсилните репрезентации на светот, Бразил. „Кариоките“ и натаму се во потрага по селектор по отказот на Тите по неуспехот на Мундијалот во Катар и елиминацијата токму од Хрватска на пенали.

Сепак, оваа најава може и да не се оствари, со оглед дека Далиќ во минатото одбиваше многу подобри понуди да води клуб, понуди кои изнесуваа и по 10 милиони евра. Меѓутоа селекцијата на Бразил е речиси сон на секој кој се занимава со селекторската работа, па така добра понуда може ќе го премисли Хрватот, а ќе има задача да го однесе Бразил до светска титула во 2026 година.