четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Поради „Косово е Србија“ прекинат мечот меѓу Романија и Косово (ВИДЕО)

Поради „Косово е Србија“ прекинат мечот меѓу Романија и Косово (ВИДЕО)

Романија и Косово играат меч во Букурешт во овој евроквалификациски циклус, ама мечот дочека 18 минути, по што се прекина поради скандирања на романските навивачи за Србија.

Романците кои се една од петте земји од ЕУ кои не ја признаваат независноста на Косово, ги дочекаа гостите со скандирања „Србија, Србија“ и „Косово е Србија“, а после истакнување на транспарентот за статусот на Косово, играчите од Косово се повлекоа од теренот.

Не помогнаа ни реакциите на романските фудбалери кон навивачите за да престанат со скандирањата, па сега допрва ќе се решава што понатаму.