вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Поради Марадона сакаше да трча гола, а сега премина на Меси: Фудбалски секс симбол ја бодри Аргентина (ФОТО)

Поради Марадона сакаше да трча гола, а сега премина на Меси: Фудбалски секс симбол ја бодри Аргентина (ФОТО)

Најголемиот секс симбол во аргентинскиот фудбал, Лусијана Салазар, го бодрела Меси од трибините во Катар, 12 години откако вети дека ќе се соблече во знак на почит кон Диего Марадона, пишува „Дејли Стар“.

Таа на социјалните мрежи сподели видеа од стадионот додека навивала за својата земја на Светското првенство.

Русокосата убавица, која собрала неверојатни 1,8 милиони следбеници на Инстаграм, го привлекла светското внимание кога ветила дека ќе трча гола низ улиците на Буенос Аирес со Диего Марадона, ако Аргентина победи на Светското првенство во 2010 година.

Но, тоа не се случило. Сега Лусијана замени една аргентинска легенда за друга и отишла во Катар да го бодри Меси од трибините.

Таа облекла бели тесни панталони, а навивачкиот горен дел го истакнал целиот раскош на нејзините занесни облини.

„Аргентина, ти благодарам за сè! Ова е забава. Луѓе, сега повторно сме возбудени…“, напишала таа во описот на објавата.