недела, 14. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Постигнат договор: Игуаин за 18 милиони евра се сели во Милан

Постигнат договор: Игуаин за 18 милиони евра се сели во Милан

„Скај Италија“ пренесува дека напаѓачот на Јувентус, Гонзало Игуаин се согласил да се пресели во Милан на едногодишна позајмица.

За позајмицата Милан ќе мора да му плати на Јувентус 18 милиони евра, а потоа доколку договорот стане перманентен „Росонерите“ ќе треба да уплатат уште дополнителни 36 милиони евра.

Преминот на Игуаин на „Сан Сиро“ е дел од договорот помеѓу Јувентус и Милан за одбранбените играчи, Матиа Калдара и Леонардо Бонучи. Искусниот Бонучи кој минатото лето го напушти Јувентус за да се пресели во Милан сака да се вати во Торино, и по најновите најави тоа веројатно и ќе се случи.

„Скај Италија“ јавува дека официјализација на трите трансфери би можеле да очекуваме во текот на денешниот ден.