Потпретседателот на Партизан – Владимир Вулетиќ денес поднесе оставка од позицијата потпретседател и го напушти клубот од Хумска по пет години работа во најблиското раководство, пренесуваат српските портали.
Вулетиќ беше на оваа позиција во последните пет години, а по состанокот во клубот, тој реши да го остави своето место на некој друг и да го напушти клубот.
Во последните години, Владимир Вулетиќ беше некој што често даваше провокативни изјави во медиумите, особено на сметка на лидерот на ривалскиот клуб – Црвена звезда.
За време на додека беше во Партизан ја почувствува сладоста на титулата во 2017 година, кога црно-белите се украсија со двојна круна.