вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Поведел е само трет голман со гол во ЛШ и – не му е прв во кариерата! (ВИДЕО)

Поведел е само трет голман со гол во ЛШ и – не му е прв во кариерата! (ВИДЕО)

Голманот на Лацио Иван Поведел, е јунакот на стартот на новата сезона во Лигата на шампионите, откако синоќа во „стота минута“ даде гол за бод на Лацио во дербито во Рим со Атлетико Мадрид.

Поведел со погодокот со кој ги спаси римските „орли“, стана само трет голман во историјата на најелитното фудбалско натпреварување, кој успеал да даде гол. Пред него, уште пред 13 години, во историјата се запиша Винсент Енјама, на 29 септември 2010, а прв беше Синан Болат една година претходно, на 9 декември 2009 година.

Но, на Поведел ова не му е прв гол во кариерата, за Лацио му е сефте на најголемата сцена, ама пред три години поентираше за Јуве Стабија во Серија Б