Италијанскиот фудбалски шампион Милан се вклучи во трката за потпис на српскиот фудбалски репрезентативец Сергеј Милинковиќ Савиќ.
Србинот одби да го продолжи договорот со Лацио бидејќи сака трансфер, а неколку европски гиганти се заинтересирани за неговиот потпис.
Јувентус и Арсенал веќе подолго време го сакаат Србинот, но сега во трката за неговиот потпис се приклучи и Милан.
За „топџиите“ тој не е прв избор, додека Јувентус има финансиски проблеми и најверојатно нема да игра во Лигата на шампиони, па Милан сака да ја искористи шансата.