петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Познати двојките од полуфиналето во Шпанскиот суперкуп: „Ел класико“ само во финале!

Познати двојките од полуфиналето во Шпанскиот суперкуп: „Ел класико“ само во финале!

Реал Мадрид ќе ги одмери силите против Атлетик Билбао, а Барселона ќе игра со Реал Сосиедад во полуфиналните пресметки во Суперкупот на Шпанија. Вака сакаше денешната ждрепка за овие натпревари, кои ќе се играат идниот месец.

Натпреварите ќе се играат 13 и 14 јануари. Финалето ќе биде на 17 јануари. Поради пандемијата од коронавирусот, во 2020 година беше одложено ова натпреварување.

Доколку Реал и Барса отидат понатаму, ќе гледаме „Ел Класико“ во финалето, во битка за пехарот. Домаќин на натпреварите ќе биде Севиља.