четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Познати фаворитите за наследник на Пиоли

Познати фаворитите за наследник на Пиоли

Италијанскиот фудбалски шампион Милан е во серија од три порази во првенството, а во последните пет првенствени натпревари освоија само два бода и во овој момент се на делба на петтата позиција на табелата.

Раководството и понатаму му верува на Пиоли, но медиумуте тврдат дека на лето би можело да дојде до тренерска смена на „Сан Сиро“.

Италијанскиот весник „ Ла Република“ пренесува дека има двајца фаворити за нов тренер на Милан, а тоа се Антонио Конте и Де Зерби.

Конте сигурно ќе го напушти Тотенхем и сака да се врати во Италија, но проблем може да биде неговата висока плата.

Де Зерби е хит во Премиер лигата на кормилото на Брајтон и клубот сигурно нема лесно да го пушти бидејќи има договор на уште две години.