среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Пред една година се испиша историјата на македонскиот фудбал: На денешен ден лани Вардар се пласираше во Лига Европа (ВИДЕО)

Пред една година се испиша историјата на македонскиот фудбал: На денешен ден лани Вардар се пласираше во Лига Европа (ВИДЕО)

На денешен ден пред една година беше испишана историјата на македонскиот фудбал, Македонија го доби првиот свој претставник во групната фаза во едно европско натпреварување.

Големиот Фенербахче сред Истанбул падна пред полетните и полни со желба за успех вардарови фудбалери.

Испишувањето на историјата фудбалерите на Вардар го започнаа една недела порано од денешниот ден лани, на 17 август 2017 година, кога во 20-та минута во мечот на Арената Филип Втори, Ерменецот Тигран Берсегјан успеа да го надмудри Мартин Шкртел и на ефектен начин да го матира Карлос Идрис Камени. Овој гол на Берсегјан предизвика делириум меѓу вардаровите фанови.

Во остатокот од мечот гостинскиот тим од Турција беше многу поконкретен од Вардар, а вардарците храбро се бранеа на крилата на своите одлични дефанзивци и пред се голманот Гачевски. А како велат среќата ги прати храбрите, ова беше пример и за Вардар. Кога фановите на стадионот се спремаа да се прослави победата од 1:0 над големиот Фенербахче, една аматерска грешка на искусниот Мехмет Топал го измами голманот Камени и донесе 2:0 за Вардар и делириум кај публиката, која веќе почна да верува дека испишувањето на историјата е возможно.

А така и беше, Вардар една недела подоцна, на денешен ден, 24 август 2017 година ја испиша историјата и тоа со голема победа од 1:2 на гостински терен кај Фенербахче, иако турскиот гигант важеше за фаворит за пласман во следната фаза и покрај негативата од два гола.

Вардар отпатува за Истанбул со верба дека може, но и со страв дека може да влезе во машинеријата на турскиот гигант, чувства кои ги имаа и сите фанови на клубот. Стравот стана уште поголем кога во 61-та минута Роман Нојштатер успеа после корнер да го донесе во предност својот клуб од 1:0.

Но, само седум минути подоцна низ цело Скопје, по кафулињата и домовите радост имаше кај секого, Џамбал Џигаури во 68-та носи големи 1:1 и го носи Вардар пред портите на Лигата Европа, во тие моменти на Фенер му беа потребни најмалку три гола за да поминат. Вардар до крајот имаше три пропуштени шанси за втор гол, кој сепак дојде во 91-та минута, кога Никола Глигоров ги постави конечните 1:2 и предизвика делириум кај сите во Македонија.