Информациите што доаѓаат од Англија велат дека за Инзаги постои интерес од два премиерлигашки клуба, а најсериозен кандидат за неговиот потпис е Тотенхем.
„Спарси“ останаа без главен тренер откако го отпуштија Антонио Конте, а се вели дека претседателот Даниел Леви бил голем фан на Симоне Инзаги и не би имал ништо против да го види италијанскиот стратег на клупата за следната сезона.
Дел од фановите со потсмев ја прифатија оваа информација, велејќи дека Инзаги го нема потребното реноме и искуство за Премиер лигата, но сепак не е исклучена можноста за тренерот да се пресели летово на Островот. Ова може да се случи само под услов Инзаги да не ја освои Лигата на шампионите.