Манчестер Сити ја одбрани титулата во Премиер лигата со победата над Астон Вила со 3:2 во последното коло. Херој на „граѓаните“ беше Илкај Гундоган кој со два гола ја донесе победата и шампионската круна. По десет години после оној луд финиш и голот на Агуеро во последните секудни и денеска на драматичен начин Сити стигна до тронот.
На големо изненадување фудбалерит на Астон Вила направија предност од 0:2 со головите на Мети Кеш во 37. и на Кутињо во 69. минута. Во тие моменти на „Енфилд“ беше 1:1 што значеше дека на Ливерпул му требаше победнички гол за титулата.
Но во финишот Сити магично се крена. За пет минути постигна три гола и го сврте мечот во своја корист. Гундоган во 76. минута намали, Родри изедначи две минути подоцна, а во 81. минута Гундоган со својот втор гол направи пресврт.
Во тие моменти и на „Енфилд“ падна гол со кој Ливерпул поведе против Вулверхемптон преку Мохамед Салах но сега веќе не му одговараше резултатот од „Етихад“. Немаше контрола на ситуацијата, се зависеше од мечот на „Етихад“.
До крајот Астон Вила предводена од Стиви Џи не успеа да извлече барем реми од Манчестер, па така шампионскиот пехар ќе остане на „Етихад“. Ливерпул во финишот се задоволи со утешна победа од 3:1 со гол на Робертсон во 89 минута.