среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Претседателот на Аргентина им честиташе на сонародниците за освојувањето на Светското првенство во Катар

Претседателот на Аргентина им честиташе на сонародниците за освојувањето на Светското првенство во Катар

Аргентинскиот претседател Алберто Фернандез им се заблагодари на играчите на репрезентацијата за освојувањето на Светското првенство во Катар.

–Благодарам на играчите и на стручниот штаб. Вие сте пример дека не треба да се откажуваме, дека имаме голем народ и голема иднина, напиша тој на Твитер.

Репрезентацијата на Аргентина вечерва ја победи француската селекција по изведување пенали и стана победник на Светското првенство во Катар.

Репрезентацијата на Аргентина по трет пат го освои Светското првенство. Претходно, Аргентинците го освоија М ундијалот во 1978 и 1986 година.