четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Претседателот на ФИФА бара прекина на војната за време на Мундијалот

Претседателот на ФИФА бара прекина на војната за време на Мундијалот

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, повика на прекин на војната во Украина за време на Светското првенство.

Инфантино истакна дека Светското првенство кое почнува в недела во Катар е униката можност за прекин на огнот во Украина.

„Мојата молба до сите вас е да размислите за привремено, едномесечно примирје додека трае Светското првенство или барем да се воспостават некакви хуманитарни коридори или било што што може да донесе продолжување на дијалогот како прв чекор кон мирот. Вие сте светски лидери и имате способност да влијаето врз курсот на историјата. Фудбалот и Светското првенство ви нудат уникатна платформа за единство и мир низ целиот свет“, рече Инфантино.

Поради војната во Украина, Русија е исфрлена од плејофот за пласман на Светското првенство, но и од сите официјални меѓународни фудбалски натпреварувања на УЕФА и ФИФА.