Фудбалерите на Јувентус не успеаја да триумфираат на градското дерби со Торино, ремизирајќи 1-1 против незгодниот ривал.
За тренерот Алегри претставуваат трите нови повреди на „црно-белите“ во пресрет на мечот со Вилјареал во осминафиналето од ЛШ.
Бонучи и Кјелини отсуствуваа поради повреди, на нивно место требаше да стартува Ругани, но тој се повреди за време на загревањето.
На негово место шанса доби Пелегрини, но и овој играч заработи повреда и мораше да биде заменет. Згора на тоа, во второто полувреме на повреда се пожали и Пауло Дибала, на чие место во игра влезе Мекени.