среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Протече снимка од моментот кога Бензема се повреди на тренингот (ВИДЕО)

Протече снимка од моментот кога Бензема се повреди на тренингот (ВИДЕО)

Најдобриот светски играч Карим Бензема синоќа објави потресна порака и потврди дека поради повреда нема да може да настапи на Светското првенство во Катар, а сега се појави и видео од тренинг на кое се гледа моментот кога искусниот напаѓачот е повреден.

Бензема на собирот на француската репрезентација дојде со полесна повреда бидејќи пропушти неколку претходни натпревари на Реал Мадрид.

Не сакаше ништо да ризикува за да биде подготвен за Мундијалот, но за жал нема да го видиме во Катар.

Исто така, утрово се појави видео од синоќешниот тренинг на кој се гледа моментот кога Бензема се повреди и веднаш се пожали на повредата, а за жал се покажа дека опоравувањето ќе трае неколку недели и дека нема да има ништо од настапот на Мундијалот.