среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Прволигаш од Бразил бесплатно ќе ги вакцинира своите навивачи

Прволигаш од Бразил бесплатно ќе ги вакцинира своите навивачи

Раководството на бразилскиот фудбалски прволигаш Атлетико Параненше планира бесплатно да ги вакцинира своите играчи, вработените во клубот, како и навивачите кои редовно плаќаат членарина.

Атлетико не објави колку членови има, а медиумите наведуваат дека пред пандемијата бројката изнесувала меѓу 20.000 и 30.000. Месечната членарина изнесува околу 60 долари.

Претходно оваа недела, бразилскиот Конгрес усвои закон со кој на приватните компании им се дозволува да купуваат вакцини кога ќе бидат достапни на пазарот.

-Атлетико Параненше ги повикува сите институции вклучени во фудбалот и тие да помогнат да се извојува победа над пандемијата на Ковид-19, соопшти бразилскиот фудбалски клуб.