петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Рабио пред можен е трансфер во Милан

Рабио пред можен е трансфер во Милан

Францускиот репрезентативец и член на Јувентус, Адриан Рабио изјави дека неговиот престој во Торино ќе зависи во голема мера од конечниот пласман на „старата дама“ сезонава.

Тој во краток разговор со италијански новинари открил дека за него постои интерес од други клубови, а медиумите шпекулираат дека прв во редот е Милан.

Рабио не ја исклучил можноста да ја промени средината доколку Јувентус не успее да се пласира во Лигата на шампионите.

Французинот играше феноменално на Светското првенство во Катар, а добрата форма ја пренесе и во настапите за неговиот Јувентус.

“Росонерите“ имаат потреба од квалитетни засилувања во средниот ред, а Рабио бил посочен како одлична опција поради неговото големо иксуство во Серија А.

27-годишниот Французин дојде во Јувентус во 2019 година и оттогаш настапи на 130 мечеви за „бјанконерите“.