Милан ја освои шампионската титула во Серија А по 11 години, а „росонерите“ ги собраа и индивидуалните награди.
Признанието за тренер на годината му припадна на Стефано Пиоли, стратегот кој успеа со скромниот тим на Милан да го освои шампионски трофеј.
Рафаел Леао е избран за играч на сезоната во Серија А. Португалецот постигна единаесет гола и забележа десет асистенции во шампионатот на Италија.
За најдобар голман оваа сезона е избран Мајк Мењон, чуварот на мрежата на Милан. „Златна копачка“ во италијанскиот шампионат е Чиро Имобиле кој постигна 27 гола.