четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Раиола: Вратата за Ибрахимовиќ во Милан е отворена

Раиола: Вратата за Ибрахимовиќ во Милан е отворена

Агентот Мино Раиола не ја отфрли можноста Златан Ибрахимовиќ да се приклучи на Милан, како и Пол Погба да се врати во Јувентус.

– Ќе го потврдам она што веќе го реков. Мојот однос со новите директори на Милан е одличен, па вратата за Ибрахимовиќ е отворена. Сите опции остануваат достапни, изјави Раиола за евентуалниот трансфер на 37-годишниот Швеѓанец.

Агентот зборуваше и за можноста Погба да се врати во Јувентус по две сезони и половина во Манчестер Јунајтед.

-Во моментов Погба е спокоен, бидејќи се чувствува важен во Јунајтед. Но Торино и Јувентус остануваат во неговото срце. Се е можно, вели Италијанецот.

Ибрахимовиќ беше дел од тимот на „росонерите“ меѓу 2010 и 2012 година. Погба пак игра во Јувентус меѓу 2012 и 2016 година.

МИА