Фудбалскиот клуб Ал Наср откако го доведе Кристијано Роналдо сега тргнува и кон шпанската фудбалска легенда Серхио Рамос.
Шпанска „Марка“ пренесува дека амбициозните сопственици на арапскиот клуб сакаат даго доведат и поранешниот капитен на Реал Мадрид кој во моментот настапува во ПСЖ.
Серџо Рамос има договор со ПСЖ до 30 јуни, а според последните информации „светците“ нема да му понудат продолжување на соработката.
Ал Наср веќе испратил богата понуда до неговите агенти, а Рамос во наредните недели ќе донесе конечна одлука.