Дефанзивецот на Интер, Андреа Ранокија изјави дека евентуална победа над Реал Мадрид во Лигата на шампионите следната недела ќе биде важен момент за тимот.
-Добро ја започнавме сезоната, сега сакаме да се вратиме на првичниот план и повторно да ја откриеме победничката патека на мечот против Торино викендов. Потоа ни следува дуел со Реал Мадрид. Да забележиме победа на таа средба ќе биде од суштинско значење за да го продолжиме нашето европско патешествие, го цитира Ранокија „Фудбал Италија“.
Интер има само два бода во групата во Лигата на шампионите, Реал Мадрид и Шахтјор Доњецк имаат по четири бода, а Борусија Менхенгладбах е лидер со пет бода.