Италијанскиот фудбалски гигант Јувентус тргна во потрага по нов напаѓач со кој сака да ја засили екипата ова лето.
Торинската „Стара дама‘, како што јавуваат денеска италијанските медиуми, бара замена за Аргентинецот Паоло Дибала, кому договорот му истекува и дефинитивно заминува од редовите на Јувентус.
Според медиумите, тренерот Масимилијано Алегри сака во летниот преоден рок да го ангажира Џакомо Распадори (22) од Сасуоло или Никола Заниоло (22) од Рома, верувајќи дека и обајцата млади талентирани фудбалери се подготвени за настап на голема сцена.
Распадори сезонава на 30 натпревари постигна десе т голови, додека Заниоло на 33 настапи запиша четири погодоци.
Јувентус во јануари годинава за 75 милиони евра се засили со Србинот Душан Влаховиќ од Фиорентина.