Кориере дело Спорт објави дека РБ Лајпциг сериозно загризал за ангажман на Елиф Елмас и понудил 30 милиони евра, но Аурелио Де Лаурентис одбил да го продаде Македонецот.
Наполи добил богата понуда за услугите на Елиф Елмас, ова денеска го објави Кориере дело Спорт.
Весникот вели дека РБ Лајпциг сериозно загризал за ангажман на Македонецот и на маса ставил 30 милиони евра.
Сепак, Аурелио Де Лаурентис одбил да го продаде фудбалерот од средниот ред и кажал НЕ на предлогот на клубот од Бундеслигата.
Кориере дело Спорт додава дека иднината на Елиф Елмас во Наполи е под знак прашалник, Македонецот во моментов одбива да стави потпис на нов договор.