Кристијано Роналдо објави дека неговиот син починал на породување, а порака со сочувство му испрати Реал Мадрид, клубот во кој Португалецот ги помина најславните денови во кариерата.
Роналдо ја објави тажната вест на Инстаграм, а порака со сочувство и до семејството му испрати клубот во кој Роналдо постигна вкупно 450 голови.
– Реал Мадрид, неговиот претседател и одборот на директори се длабоко тажни поради смртта на едното дете кое го чекаше нашиот драг Кристијано Роналдо и неговата партнерка Георгина Родригез. Реал Мадрид ја споделува болката на семејството и сака да им ја испрати сета топлина – се наведува во пораката на „кралскиот клуб“.
Роналдо играше за Реал Мадрид од 2009 до 2018 година.