четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Реал Мадрид на само бод да го освои шпанското првенство

Реал Мадрид на само бод да го освои шпанското првенство

Реал Мадрид по поразот од Барселона во натпреварот од 33. коло на Ла Лига против Рајо Ваљекано (0:1) се доближи до освојување на шпанското првенство. За да стане шампион на Шпанија, на мадридскиот клуб му е доволно да освои еден бод во преостанатите пет кола.

Тимот на Карло Анчелоти во последните пет кола од Ла Лига ќе игра против Еспањол, Атлетико Мадрид, Леванте, Кадиз и Бетис.

Реал Мадрид е на првото место со 78 бодови, 15 бодови повеќе од второпласираната Барселона.