вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Реал Мадрид повторно имаше судиска помош- погледнете ги сите судиски одлуки во корист на европскиот шампион оваа сезона (ВИДЕО)

Реал Мадрид повторно имаше судиска помош- погледнете ги сите судиски одлуки во корист на европскиот шампион оваа сезона (ВИДЕО)

Реал Мадрид трета година по ред ќе игра во финалето на Лигата на шампионите, шпанскиот тим кој вечерва го чека својот противник, подобриот од натпреварот Рома- Ливерпул.

Сепак, меѓу фудбалските фанови мислењето е дека најтрофејниот тим без помошта на судиите немаше да стигне толку далеку и да атакува на својата 13-та, а трета по ред титула во Лигата на шампионите.

Првата голема грешка која оваа сезона на фудбалските фанови и експерти им падна во очи е пеналот кој во првиот четвртфинален натпревар со Јувентус, судијата не го досуди за италијанскиот тим. Имено, при резултат 0:3 за Реал Мадрид, Дани Карвахал стартуваше за пенал над Квадрадо, но судијата остана нем.

Можеби најспорната ситуација, која и крена најголема прашина во фудбалска Европа оваа година се случи на реванш натпреварот меѓу овие два тима во Мадрид, каде Јувентус успеа да ја анулира предноста од 0:3, но радоста на торинските фудбалери им беше скратена од судијата Мајкл Оливер кој во судиското продолжение досуди пенал за шпанскиот тим, за многу најмалку спорен пенал кој не би требало да се досуди во тој дел од мечот во резултатска ситуација како што беше таа.

И полуфиналниот двомеч кој го доби Реал Мадрид повторно имаше доста спорни ситуации, на првиот меч во Минхен судијата не досуди пенал, во ситуација кога имаше елементи за такво нешто, откако Карвахал стартуваше над Левандовски.

Уште еден пенал во кој улога има Левандовски според многумина имаше и вчера, кога Рамос стартуваше над него во шеснаесетникот на Реал, но судијата повторно остана нем.

Втората спорна ситуација, т.е. ако може и да се каже спорна бидејќи јасно се гледа дека Марсело ја удира топката со рака, имаше на вчерашниот меч.

Како и да е, заслужено или не, проценете самите, Реал Мадрид ќе игра во финалето во Киев, а таму како противник ќе го има Ливерпул или Рома, на вечерашниот меч во Рим Ливерпул влегува со предност од 5:2 од првиот натпревар.