понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Редовно ја шокира хрватската јавност, но ова ги загрижи сите: Мамиќ се закани со самоубиство!

Редовно ја шокира хрватската јавност, но ова ги загрижи сите: Мамиќ се закани со самоубиство!

Здравко Мамиќ редовно ја шокира хрватската јавност, но неговите зборови отидоа во нова крајност во последното интервју за магазинот „Глобус“.

Поранешниот прв човек на Динамо е обвинет за финансиски малверзации, а не само што тврди дека е невин и жртва на монтиран судски процес, туку порача дека ќе се самоубие доколку биде прогласен за виновен.

– Не сум виновен, делата кои се водат против мене се измислени. Немам друга опција освен да се борам, но ако морам да одам во затвор, тогаш ќе завршам како генерал Пралјак. Без разлика што сум голем верник, неговиот потег ме инспирираше и би го направил истото без грижа на совест. Никогаш не би влегол невин во хрватски затвор, – изјавил Мамиќ.