сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Репрезентацијата на Аргентина ќе биде сместена во студентски дом наместо во луксузен хотел, а причината за тоа е многу интересна

Репрезентацијата на Аргентина ќе биде сместена во студентски дом наместо во луксузен хотел, а причината за тоа е многу интересна

Лионел Меси и неговите аргентински соиграчи одлучиле дека не сакаат да бидат сместени во луксузен хотел со 5 ѕвезди во текот на СП во Катар, а наместо тоа ќе престојуваат во студентски дом, сè со цел да можат да уживаат во традиционалната кујна.

Како што пренесува „Daily Mail“, аргентинскиот тим пристигнал во Доха во раните утрински часови, но за разлика од своите ривали кои отседнуваат во некои од најлуксузните хотели во градот, Аргентинците се упатиле кон „поскромно“ сместување во студентските домови на Универзитетот во Катар.

Изненадувачката одлука да отседнат таму била донесена откако аргентинските фудбалски службеници одлучиле дека пространиот кампус ќе им овозможи да организираат вкусни асадоа – традиционална скара која е една од кулинарските уживања во оваа јужноамериканска земја.

Во склоп на универзитетот била изградена посебна зона за скара, што на Меси и неговите пријатели ќе им овозможи да уживаат во разни меса, во главно говедски стекови и колбаси, кои ќе се подготвуваат на традиционален аргентински начин.

Ова јадење обично е придружено со едноставна салата и вино, иако Меси и неговите соиграчи најверојатно имаат строги наредби да не претеруваат. За потребите на репрезентацијата на Аргентина, која е меѓу фаворитите за Светското првенство, во Катар било увезено говедско месо од јужноамериканската земја, кое важи за најдоброто во светот. Специјален асадо готвач исто така ќе им биде „при рака“ на фудбалерите за да биде сигурно дека се готви онака како во Аргентина.

Делот од кампусот на Универзитетот во Катар каде е сместен аргентинскиот тим се состои од 90 соби, содржи најсовремени спортски објекти, олимписки базен и сопствен фудбалски стадион со капацитет од 10.000 луѓе.

Сместен на периферијата на Доха, се смета за еден од водечките универзитети во регионот и е основан во 1973 година.

Аргентина ќе игра во групата Ц заедно со Мексико, Полска и Саудиска Арабија.