вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Реприза на минатогодишното финале: Одмазда за Јувентус или нова победа на Реал?

Фантастичниот Португалец погоди на секој натпревар оваа сезона, дури 12 пати
Реприза на минатогодишното финале: Одмазда за Јувентус или нова победа на Реал?

Време е за првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите. Во центарот на вниманието ќе биде репризата од минатогодишното финале меѓу Јувентус и Реал Мадрид во Торино. Во исто време, Севиља го пречекува Баерн Минхен.

Реал минатиот мај во Кардиф го освои трофејот со уши со победата над Јувентус (4:1), па сега италијанскиот шампион ќе бара одмазда.

Јувентус е последниот тим кој го елиминирал Реал во нокаут фазата на ова елитно натпреварување и тоа во 2015. во полуфиналето, а сега ќе се обиде да го повтори успехот за да ја задржи надешта на сонот на голманот Џанлуиџи Буфон, кому трофелот од ЛШ му е единствена пречка до пензија, односно единствен прекар кој му недостасува.

-Верувам дека овој пат ќе биде поинаку во однос на натрепварот во Кардиф. Реал во минатата година беше подобар, заслужено славеше, а нам не ни се насмевна среќата. Реал е подобар од Јувентус, но можеме да се носиме со најголемите клубови во светот. Не се непобедливи, изјави Буфон во најавата за натпреварот.

Реал, кој досега има освоено 12 трофеи во ЛШ на своја страна го има најдобриот фудбалер на светот Кристијано Роналдо и рекордер во Лигата на шампионите со 117 голови.

Фантастичниот Португалец погоди на секој натпревар оваа сезона, дури 12 пати.

Фудбалерите на Севиља против Баерн пишуваат клупска историја зашто прв пат по 1958 година играат четвртфинале во ЛШ.

На Баерн не им лежи Шпанија, бидејќи ги загубија последните пет гостувања во таа земја, за разлика од Севиља, која никогаш не е поразена на свој терен од германски тим во 11 натпревари.