Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, се соочува со проблем поради повредата на ерменскиот интернационалец Хенрик Мхитарјан.
Тој се повреди на мечот против Лестер во Конференциската лига на УЕФА и мораше да биде заменет во 57. минута.
Според информациите од Италија, станува збор за истегнување на бутниот мускул и тој ќе биде во аут околу две седмици.