петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Рома го отпушти извршниот директор по рацијата во седиштето на клубот

Рома го отпушти извршниот директор по рацијата во седиштето на клубот
ЕПА

Калчолигашот Рома на својата официјална веб-страница објави дека го отпушти извршниот директор Пјетро Берарди.

Причините за оставката на функционерот не се прецизираат.

На почетокот на април беше објавено дека членовите на италијанската финансиска гарда извршиле претреси и заплениле документи во седиштето на Рома. Истраги се водат и против Лацио и Салернитана. Под истрага се и сегашните и поранешните директори на трите инволвирани клуба.

Наведените клубови се осомничени дека ги надувале трошоците за трансфери на играчи помеѓу 2017 и 2021 година, што резултирало со фиктивни капитални добивки.