Во финишот од преодниот рок Рома успеа да донесе големо засилување, Ромелу Лукаку по третпат ќе работи со Жозе Мурињо.
„Рома со задоволство може да го соопштеи потпишувањето со белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку од Челси. Тој доаѓа на позајмица до 30 јуни 2024“, стои во соопштението на римскиот клуб.
Лукаку вели дека приемот кој го добил од фановите и од клубот му дава дополнителна мотивација да даде се од себе за тимот.
„Приемот кој го добив од овој клуб и од фановите ме возбуди и ми даде уште поголема мотивација да дадам се од себе за мојот нов тим. Како противник ја имам почувствувано атмосферата на Олимпико и ја почувствував топлината на романистите. Сега е убаво да се знае дека сум дел од тоа. Неодамна зборував со сопствениците на клубот и бев импресиониран од нивните амбиции. Сега морам да работам, да бидам скромен и да напредувам од меч во меч. Не можам да дочекам да се ставам на располагање на моите соиграчи и на теренот и надвор од него“, вели Лукаку.