Рома и Галатасарај и официјално го потврдија трансферот на италијанскиот репрезентативец, Николо Ѕаниоло кој во иднина ќе го носи дресот на клубот од Истанбул.
Се работи за четири ипол годишен договор според кој во преостанатиот дел од оваа сезона ќе заработи 900,000, додека од наредната таа сума ќе биде 2.750.000 милиони евра.
Тој ќе има откупна клаузула од 35 милиони евра, а „волчицата“ ќе заработи 20 проценти од следната продажба на играчот.