недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Рома ја освои Лигата на конференции

Рома ја освои Лигата на конференции

Фудбалерите на Рома се првите освојувачи на Лигата на конференции,откако вечерва во Тирана (Албанија) славеа во финалниот меч против Феенорд со 1:0.

Тоа е првиот европски трофеј за Рома уште од 1961 година кога го освои Купот на саемски градови. Во меѓувреме беше финалист во 1984 година кога загуби во Купот на шампионите, и во 1991 година во Купот на УЕФА.

Римската „волчица“ триумфираше против Холанѓаните со голот на Никола Заниоло во 32 минута, и на тој начин тренерот на италијанскиот клуб Жозе Мурињо стана првиот кој успеал да ги обедини сите трофеи во УЕФА меѓународните натпреварувања.

Португалецот успеа да ги освои Лигата на шампионите, Купот на УЕФА/Лига Европа и Лигата на конференции.