сабота, 23. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Рома ќе потпише нов договор со Смолинг

Рома ќе потпише нов договор со Смолинг

Дефанзивецот на Рома, Крис Смолинг, постигна договор со раководството на клубот за продолжување на соработката до летото 2025 година.

Актуелниот договор на 33-годишниот фудбалер со Рома истекува на крајот од актуелната сезона.

„Блиску сме до нова соработка, наскоро и официјално ќе биде објавен новиот договор“, изјави Смолинг за Скај Спорт.

Крис Смолинг е дел од Рома од 2019 година.Потоа одигра една година на позајмица од Манчестер Јунајтед, по што беше откупен од италијанскиот клуб.