Напредуваат преговорите меѓу Рома и Манчестер јунајтед за трансфер на дефанзивецот Крис Смолинг, кој минатата сезона ја помина во римскиот клуб на позајмица.
Рома ќе ја зголеми понудата за 30-годишниот Англичанец на 20 милиони евра плус бонуси, додека Јунајтед го проценува играчот на 25 милиони, пренесува „Sky Sport Italia“.
Според изворот, буџетот за трансфер на Рома се зголемил со доаѓањето во клубот на новиот сопственик Дан Фридкин.