петок, 19. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Рома по 31 година дочека европско финале

Рома по 31 година дочека европско финале

Пресметката против Феенорд на 25 мај во Тирана во премиерното издание на УЕФА Лигата на конференции ќе биде прво финале во европските купови за Рома по 31 година.

Стратегот на италијанскиот тим, пак, Португалецот Жозе Мурињо, ќе има шанса да го освои својот петти европски трофеј во кариерата, по титулите во Лигата на шампиони со Порто и Интер, Лига Европа со Манчестер јунајтед и Купот на УЕФА со Порто.

Холандски Феенорд во Тирана ќе се обиде да го освои својот четврти европски трофеј. Холанѓаните беа европски шампиони во 1970 година, а два пати го освоија и Купот на УЕФА (1974 и 2002).

Феенорд одигра синоќа 0-0 на гостувањето кај Олимпик Марсеј и ја задржа предноста од 3-2 од првиот натпревар, додека Рома, по ремито 1-1 во Лестер, го совлада англискиот тим на домашен терен со 1-0. (МИА)