четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Рома веќе започна да го бара наследникот на Мурињо

Рома веќе започна да го бара наследникот на Мурињо

Договорот на Жозе Мурињо со Рома истекува на крајот од оваа сезона, а менаџментот на римскиот клуб веќе почнал потрага по негов наследник.

Како што известуваат италијанските медиуми, прв фаворит за позицијата е Антонио Конте кој е без ангажман од март оваа година кога спогодбено ја прекина соработката со Тотенхем.

Наводно, Конте е подготвен да прифати плата од 7-8 милиони евра по сезона, но ќе бара и сериозни инвестиции во играчкиот кадар за да може да се бори за шампионската титула во Серија А.

и.