Ромелу Лукаку со своето однесување го откажа Интер од идејата да го откупи неговиот договор со Челси, а во меѓувреме очигледно ја загуби надежта дека би можел да биде ангажиран од Јувентус.
Белгиецот кратко флертуваше со „бјанконерите“ и ги налути сите во досегашниот клуб од Милано, но покрај специфичната трансфер сума, против неговото доаѓање во Торино притискаа и навивачите на Јуве, кои неколку пати јасно порачаа дека не го сакаат Лукаку во својот клуб.
Поради ваквиот развој на настаните, Лукаку и неговите агенти решиле да се свртат кон нова солуција, а според италијанскиот новинар Алфредо Педулја, таа се вика Тотенхем.
Лукаку сега е најблиску до Тотенхем и би можел во новата сезона да настапува за еден од најголемите градски ривали на Челси, клуб кој бара најмалку 40 милиони евра за Белгиецот.