сабота, 23. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Ромеро ја засилува одбраната на Јувентус

Ромеро ја засилува одбраната на Јувентус

Аргентинскиот дефанзивец Кристијан Ромеро е најновото засилување на екипата од Торино.

Досегашниот бек на Џенова, веќе го потпишал договорот со Старата дама, кој треба да трае пет години, но под услов следната сезона да ја помине на позајмица во својот сегашен тим.

Аргентинскиот 21 годишен фудбалер важи за многу талентиран фудбалер, кој минатата сезона одигра одлично во редовите на Џенова со што го привлече вниманието на италијанските шампиони.

По пократки преговори, трансферот конечно беше реализиран во задоволство на сите три страни, така што Ромеро ќе му се придружи на на својот иден клуб во Торино на почетокот на сезоната 2020/2021. (МИА)