вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

РОНАЛДО ЕФЕКТ: Сантијаго Бернабе празен на отворањето на сезоната, девет години бројката не била вака катастрофална (ФОТО)

РОНАЛДО ЕФЕКТ: Сантијаго Бернабе празен на отворањето на сезоната, девет години бројката не била вака катастрофална (ФОТО)

Реал Мадрид вчера вечер сезоната ја отвори со победа од 2:0 над Гетафе, а головите на отворањето на својата етапа во Ла Лига ги постигнаа Дани Карвахал во 20-та минута и Герет Бејл во 51 минута од мечот.

Она што треба да го загрижи европскиот шампион никако не е резултатот, но затоа е посетеноста на стадионот, која броеше за реалови услови само 48.466 луѓе. Ова е најмала посетеност уште од сезоната 2008/09 и мечот со Виљареал, кога тимот од Мадрид беше во очајна форма и имаше пет порази во низа.

После тој меч управата на клубот од престолнината на Шпанија реагираше со доведување на Кристијано Роналдо, а се останато е историја.