Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо ја одбил понудата од неименуваниот клуб од Саудиска Арабија кој на Португалецот му нудел 275 милиони евра за двегодишен договор.
Португалските медиуми први објавија за оваа понуда, а потврда добиле и од шпански „Ас“ кој пренесе дека се подготвува најголемиот трансфер во историјата на фудбалот.
Шпанците тврдеа дека целиот трансфер е вреден 300 милиони евра од кои Роналдо би заработил 250 милиони. Но, И-Ес-Пи-Ен тврди дека нивните извори добиле информации дека Поругалецот одбил понуда и од 275 милиони евра за двегодишен договор од неименуваниот саудсики клуб.
Ако, ако ја прифател понудата, ќе станеше најплатениот фудбалер во светот со неделна плата од 2,5 милиони евра.
Португалецот со Јунајтед има договор до јуни следната година со можност за продолжување на уште една сезона. Тренерот Ерик тен Хаг сепак е дециден дека Роналдо не е на продажба и е дел од неговите планови за новата сезона.