четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Садио Мане и покрај повредата патува со Сенегал во Катар

Садио Мане и покрај повредата патува со Сенегал во Катар

Фудбалската репрезентација на Сенегал, како и останатите учесници се подготвува за пат во Катар и настап на Светското првенство. Овој колектив има главоболки, бидејќи под знак прашалник е настапот на првата ѕвезда, Садио Мане.

Играчот се повреди на натпреварот меѓу Баерн и Вердер, а шансите да заздрави навреме се навистина мали. Сепак, во Сенегал не размислуваат на опцијата да бидат без Мане на Мундијалот. Така, тој се најде на списокот патници, па дури и да не е во можност да игра, ќе биде со тимот во Катар.