петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Садио Мане се враќа во Премиерлигата

Садио Мане се враќа во Премиерлигата

Поранешната ѕвезда на Ливерпул, Садио Мане по само една сезона ќе го напушти Баерн Минхен, а последните гласини велат дека повторно ќе заигра во Премиерлигата, овојпат во тимот на Челси.

Новинарот Педро Алмеида пишува дека веќе се почнати преговори за трансфер на Садио Мане од Баерн Минхен во Челси. Наскоро Маурисио Покетино ќе биде назначен за нов тренер на Челси, а негова желба е тимот да се засили и со нов напаѓач. Мане оваа сезона одигра 36 натпревари за Баерн Минхен, постигна 12 голови и  имаше пет асистенции.