Фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах постигна хет-трик во победата од 7:1 над Ренџерс синоќа во натпревар од 4. коло во Лигата на шампионите.
Египќанецот го постигна 38. гол на турнирот и стана најдобар стрелец за англиските клубови во елитното натпреварување.
Салах ги надмина Дидие Дрогба и Серхио Агуеро, кои имаат по 36 гола во Лигата на шампионите за Челзи, односно Манчестер сити.