Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо сè уште закрепнува од повредата здобиена на почетокот на март.
Дваесет и едногодишниот играч за врска најверојатно ќе биде надвор од првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите на УЕФА против Манчестер сити закажан за утре.
Санчо ги пропушти вчерашните тренинзи, објави „Атлетик“.
Во исто време, до реваншот со „граѓаните“, закажан за 14 април, играчот најверојатно ќе има време да закрепне.